УТРО.мк

Автонова го претстави Leapmotor во Македонија, нов исчекор кон иднината на електричната мобилност

Автонова го претстави Leapmotor во Македонија, нов исчекор кон иднината на електричната мобилност
Vero

Автонова официјално ја претстави глобалната технолошка автомобилска марка Leapmotor, во годината кога семејниот бизнис одбележува значајни јубилеи и три децении присуство во автомобилската индустрија.

Од Автонова истакнаа дека низ сите овие години останале верни на филозофијата – врвната послепродажна поддршка и грижа за клиентите се подеднакво важни како и самите автомобили.

„Leapmotor за нас не е само нова марка во нашето портфолио. Тоа е долгорочна инвестиција, но и почит и обврска кон нашите клиенти, кон нашите 108 вработени и нивните семејства, како и кон вредностите врз кои ја градиме оваа семејна приказна цели 30 години“, порачаа од Автонова, најавувајќи и отворање на нов објект посветен на марката Leapmotor.

Leapmotor во регионот

Позната во регионот како ексклузивен увозник за Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово за Citroën, во рамки на глобалното партнерство со Stellantis, една од највлијателните автомобилски групации во Европа, Автонова ја носи и марката Leapmotor, која веќе ужива доверба кај повеќе од 1,5 милиони клиенти ширум светот, благодарение на фокусот на иновација, ефикасност и дизајн ориентиран кон корисникот, нудејќи одржливи и достапни решенија за модерните клиенти.

Целосната гама модели

На настанот беше претставена целосната гама модели – од компактни урбани автомобили до семејни SUV возила и спортски електрични модели, кои од денес може да се видат и во продажниот салон на Автонова.

Leapmotor T03 – паметен избор за во град

100% електричен градски автомобил од нова генерација, дизајниран за динамиката на современиот урбан живот.

Електричен мотор: 70 kW

Опсег: до 265 km според WLTP

Брзо полнење: од 30 до 80% за само 36 минути

Поставува нови стандарди во А-сегментот

Почетна цена: 17.990 евра

Leapmotor B10 – модерен и практичен SUV

Новиот компактен SUV во C-сегментот, наменет за млади професионалци, семејства и урбани корисници кои бараат современ дизајн, паметни технологии и практичност.

Две батериски опции, автономија до 434 km

Напредна REEV технологија за продолжен опсег на возење без потреба од често полнење, до 900 km

Почетна цена: 24.990 евра

Leapmotor C10 – премиум семеен конфор

Нова генерација D-SUV возила, создадени за подолги и побезбедни семејни патувања.

100% електричен модел со погон на задните тркала

Опција со погон на сите тркала, со напредна 800V архитектура и 585 коњски сили

Забрзување од 0 до 100 km/h за само 4 секунди – врвни перформанси, сигурност и удобност во сите услови на возење

Иновативна REEV технологија за продолжен опсег на возење, до 970 km

Веќе од 29.990 евра

Leapmotor B05 – за љубителите на спортски модели

Спортски електричен модел кој речиси истовремено со светската премиера е ексклузивно претставен и во Македонија.

Препознатлив купе дизајн

Напредна Cell-to-Chassis технологија

Автономија до 482 km

Нов чекор кон иднината

Со официјалното претставување на Leapmotor, Автонова прави нов исчекор кон иднината, носејќи на домашниот пазар и во регионот интелигентни, практични и достапни решенија за електрична мобилност, поддржани од долгогодишното искуство, компактен тим и посветеност кон клиентите.

Повеќе информации

https://www.leapmotor.net/mk

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin