УТРО.мк

Македонски Декември: Празник на Душата, Музиката и Традицијата

Македонски Декември: Празник на Душата, Музиката и Традицијата
Vero

Декември, месецот на празничната магија и исчекувањето, во Македонија неминовно се претвора и во месец на културно славење. Декемвриската програма во Скопје е богата како ретко до сега, нудејќи им на љубителите на уметноста и традицијата низа настан со кои ја завршуваме годината со стил. Македонската опера и балет (МОБ), Македонската филхармонија и арената „Борис Трајковски“ стануваат места каде што публиката ќе може да слуша македонската фолклорна музика .

Декемвриската концертна треска започнува со две дами кои ја оставиле својата трага на естрадата. На 13 декември, во Филхармонијата, својот прв солистички концерт ќе го одржи Бојана Скендеровски. По 23 години минување низ естрадната сцена и инспирацијата од проектот „Македонијо во срце те носиме“, Бојана им ветува на своите обожаватели вечер полна со изненадувања и емоции. bojana skenderovski

(1) Facebook

Само два дена подоцна, на 15 декември, Македонската Опера и Балет (МОБ) е резервирана за Елена Андоновска, волшебниот глас кој ги враќа во живот бисерите од богатиот македонски фолклор.

elena andonovska

Македонски – Билети

Истиот ден, позната по мини-настапи на планинските врвови, Евгенија Здравевска, односно Зарина Првасевда, го носи својот автентичен вокал во престижниот амбиент на Македонската Филхармонија.zarina prvasevda

(1) Facebook

Неизоставен дел од македонската културна сцена е Националниот ансамбл „Танец“. На 20 декември 2025 година, во 19:30 часот, во Македонската опера и балет, „Танец“ ќе го одржи својот годишен концерт под инспиративниот наслов „Ритамот на душата, бојата на традицијата“.

tanec

(1) Македонскиот… – Министерство за култура / Ministria e Kulturës | Facebook

Средината на месецот ја одбележува и големиот јубилеј на легендата на македонската музика.

На 24 декември, МОБ повторно е во центарот на вниманието. Миле Кузмановски, познат како „Кралот без круна“, прославува импресивни 35 години на сцената. Познатиот фолк-пејач своите хитови ќе ги изведе во придружба на камерен оркестар, што ветува посебен уметнички печат и емоција на овој свечен концерт.

Јубилеен Концерт 35 години на Миле Кузмановски – karti.com.mk

Програмата е составена од препознатливи кореографии, традиционални ора и музички изведби кои го отсликуваат богатството и автентичноста на македонскиот фолклор. Настанот го одбележува континуитетот на Ансамблот во зачувувањето и сценската интерпретација на нашето културно наследство.

На 28 декември, во арената „Борис Трајковски“, на сцената ќе настапи еден од најголемите претставници на традиционалниот звук – Влатко Миладиноски. Познат како „вистинскиот глас на македонската народна песна“, ќе биде придружуван од големиот оркестар под диригентската палка на Златко Миладиноски.

Декември 2025 е месец кога Скопје дише во ритамот на квалитетната македонска музика и фолклор. Нашата редакција ви ветува прекрасна музика.

Чудо почна да се случува и во Република Македонија, затоа што концертите и настаните со македонска етно и фолкорна музика се веќе секојдневие во егејска и во ппиринска Македонија. Во градовите Воден (Едеса), Лерин (Флорина), Кајлар (Птолемаида), Пазар (Јаница), Костур (Касторија), Горна Џумаја (Благоевград), Петрич, Неврокоп (Гоце Делчев), Свети Врач (Сандански) македонската музика е секојдневие.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран