Европа е во состојба на зголемена тревога. Во Литванија, жителите на Вилнус вежбаат евакуација во случај на ширење на воен конфликт. Стотина граѓани беа евакуирани со автобуси и возови во привремено засолниште, околу сто километри од главниот град.
Последните недели дополнително го зголемија стравот — европското небо е сведок на упади на воени авиони и дронови, сечени се подводни кабли, а мета на кибер-напади беа и аеродроми и изборни системи.
Европските држави ги усогласуваат своите безбедносни чекори, а секоја паралелно ја зајакнува сопствената одбрана. Во Германија, по инцидентот кога над 10.000 патници останаа блокирани на аеродромот во Минхен поради дронови, владата подготви закон со кој полицијата ќе може самостојно да ги урива беспилотните летала доколку претставуваат закана или предизвикуваат штета.
Законот сè уште треба да го потврди германскиот парламент, а слични регулативи веќе се применуваат во Франција, Литванија и Романија.