УТРО.мк

Европската епархија купи нова црква за македонските верници во Германија

Европската епархија купи нова црква за македонските верници во Германија
Vero

Европската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) купи нов објект во Германија, кој ќе стане духовен дом на македонските верници во Штутгарт.

Верниците на црковната општина „Свети Кирил и Методиј“ во овој германски град наскоро ќе имаат свој сопствен храм каде ќе се служат литургиите и ќе се одвиваат сите црковни активности.

Договорот за купопродажба беше потпишан во присуство на надлежниот митрополит Европски г. Пимен.

„Со голема духовна радост, Македонската православна црковна општина од Штутгарт ја известува својата богобојазлива заедница дека денес, во присуство на Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Европски г. Пимен, беше и официјално потпишан купопродажниот договор за храмот ‘Свети Кирил и Методиј’. Овој чин претставува значаен духовен и историски момент за македонската православна заедница во Германија. Со ова, верниците добиваат свој сопствен дом на верата, молитвата и заедништвото. Создаваме денес, за утре да имаме историја“, соопштија од МПЦО „Св. Кирил и Методиј“ – Штутгарт.

Храмот ќе биде духовно средиште на Македонците во регионот, каде ќе се одржуваат богослужби, верска настава и културно-духовни активности за младите и за семејствата.

Извор: религија.мк

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран