
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.
На денешната берзанска сесија од 26 јануари 2026 година, индексот МБИ10 бележи симболичен раст од 0,02%, достигнувајќи ниво од 9.983,34 поени, додека индексот ОМБ остана непроменет на 129,44 поени. Вкупниот промет на Македонската берза изнесуваше 26.163.506 денари, реализиран преку приближно 600 трансакции, со доминација на тргувањето со акции на Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол.
Најтргувани хартии од вредност
● Алкалоид АД Скопје (ALK) – 9.376.590 денари
● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 8.104.070 денари
● Макпетрол АД Скопје (MPT) – 2.750.010 денари
● Адинг АД Скопје (ADIN) +4,00%
● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) +0,51%
● Алкалоид АД Скопје (ALK) –0,15%
● Тетекс АД Тетово (TETX) –2,96%
● Стопанска банка АД Скопје (STB) –0,87%
На денешната сесија беа реализирани мали трансакции со државните обврзници од сериите „Р. Македонија – денационализација 23 и 24“, во вкупен износ од 644.000 денари. Цените останаа стабилни – 94 евра за серијата 24 и 93 евра за серијата 23, што придонесе ОМБ индексот да остане непроменет на 129,44 поени и потврди смиреност на пазарот на обврзници.



























