УТРО.мк

Тетово бележи значителен раст на цените на становите

Тетово бележи значителен раст на цените на становите
Vero

Во втората половина од 2025 година, Тетово се издвојува со раст на цените на продадените станови од 22 проценти, споредено со истиот период од претходната година, покажува Извештајот на Регистарот на цени и закупнини објавен од Агенцијата за катастар на недвижности.

Покрај Тетово, значителен раст е забележан и во Куманово со 24 проценти, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба со по 16 проценти, додека во Центар растот изнесува 14 проценти. Единствено во Гостивар е регистриран пад на цените од два проценти.

Најниска цена по метар квадратен во овој период е забележана во Чаир – 19.543 денари, додека највисоката е во Центар – 232.722 денари. Во Тетово, покрај порастот на цените, забележан е и пораст на бројот на продадени станови за 13 проценти.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран