
Премиерот Христијан Мицкоски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска одржаа средба со претставници на нафтената индустрија во државата за да ја разгледаат актуелната состојба со нафтените деривати, особено во контекст на кризата на Блискиот Исток и глобалните предизвици во индустријата.

Мицкоски истакна дека нема простор за загриженост и дека ситуацијата е целосно под контрола. Тој додаде дека залихите на горива се доволни и нафтените потреби целосно се задоволуваат.
„Ќе продолжиме будно да ја следиме состојбата и ќе реагираме во зависност од реалните потреби“, нагласи премиерот.























