УТРО.мк

Семос Едукација ја предводи AI трансформацијата во компаниите

Семос Едукација ја предводи AI трансформацијата во компаниите
Vero

Над 40 компании  учествуваа на работилници за примена на вештачка интелигенција во бизнисот

(Скопје, 18.03.2026) – Како вештачката интелигенција да се стави во функција на реални, мерливи и одржливи деловни резултати беше во фокусот на работилниците што ги реализираа Семос Едукација и Македонско-Германското стопанско здружение, отворајќи ја темата за тоа дали компаниите навистина поседуваат капацитет и практична подготвеност за ефективно да ја применат вештачката интелигенција.

Во време кога интересот за AI расте побрзо од подготвеноста на компаниите да го искористат нејзиниот потенцијал, потребата од доверлив и стратешки партнер станува одлучувачка. Токму тука Семос Едукација се издвојува како релевантен партнер за AI трансформација и лидер во AI едукацијата, кој не зборува за иднината на бизнисот само теоретски, туку ја гради преку знаење, експертиза и конкретна примена.

Работилниците на тема „AI во бизнисот – алатка или тренд?“ беа осмислени да им дадат на компаниите јасен одговор на суштинското прашање: како да престанат да експериментираат со AI и соодветната примена да им стане двигател на продуктивност, ефикасност и конкурентност. Преку посебни сесии за производствени компании и за компании од услужниот сектор и трговијата, Семос Едукација понуди практична рамка за реална и одговорна примена на вештачката интелигенција.

Заклучокот што јасно се наметна од работилниците беше недвосмислен: Не ја користете вештачката интелигенција како Google 2.0. Компаниите што ќе ѝ пристапат површно ќе останат на ниво на експериментирање, додека оние што ќе ѝ пристапат стратешки, со правилна едукација и јасна методологија, ќе создадат реални деловни вредности, поефикасни процеси и посилна пазарна позиција.

„Заради големото меѓународно искуство што го имаме во сертифицирани обуки за примена на AI, улогата на Семос Едукација денес е трансформациска. Како пионер во развојот на дигитални и AI вештини, имаме капацитет не само да ги обучиме тимовите, туку и да им помогнеме на компаниите да ја претворат вештачката интелигенција од концепт во конкретна деловна вредност. Во средина во која многумина зборуваат за AI, а малкумина знаат како навистина да ја воведат во организациски контекст, Семос Едукација е подготвен и релевантен партнер за AI трансформација“, вели Валентина Тасева, генерален директор и сопственик на Семос Едукација.

Своите искуства и знаења со учесниците ги споделија Елена Димовска, раководител на секторот за анализа на податоци и АI во Семос Едукација, која се осврна на техничките предуслови и организациската подготвеност за AI имплементација, Кристина Тасева, специјалист за AI имплементација, која презентираше конкретни насоки за проценка и поддршка на компаниите при имплементација на AI, како и Дане Тодоровски, тренер и бизнис консултант, кој ја истакна деловната перспектива и ефектите што компаниите можат да ги постигнат преку правилна и стратешка примена на вештачката интелигенција.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран