Од 1 јануари електричната енергија ќе поскапи, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за корекција на цените по тарифни блокови. Според одлуката, цената на струјата за домаќинствата ќе се зголеми за 2,45 проценти во првиот блок, 2,87 проценти во вториот, 3,32 проценти во третиот и 3,84 проценти во четвртиот блок, додека евтината тарифа ќе поскапи за 2,50 проценти.
Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
End Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
Претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски, истакна дека одобреното зголемување е значително пониско од барањето доставено од ЕВН Хоум, кое изнесувало од 7,6 до речиси 12 проценти, во зависност од блокот.
„Домаќинство кое троши 210 киловат часови во првиот блок и 227 киловат часови во евтина тарифа ќе има зголемување на месечната сметка од околу 57 денари, односно 2,28 проценти“, изјави Бислимоски.
Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph
End Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph
Според податоците на Регулаторната комисија, околу 64 проценти од домаќинствата, или над 517.000 корисници, трошат струја исклучиво во првиот блок. За околу 170.000 домаќинства кои влегуваат и во вториот блок, зголемувањето ќе изнесува околу 70 денари месечно. Кај приближно 14.000 домаќинства кои користат и трет блок, сметките ќе бидат повисоки за околу 370 денари, додека кај околу 4.400 домаќинства со потрошувачка и во четвртиот блок, зголемувањето достигнува и до 900 денари месечно.
Бислимоски појасни дека надоместокот од 200 денари останува дел од сметките и нема да биде укинат, бидејќи анализите покажале дека во спротивно зголемувањето на цените по блокови би било значително поголемо.
Ezoic - wp_under_second_paragraph - under_second_paragraph
End Ezoic - wp_under_second_paragraph - under_second_paragraph
Регулаторната комисија оцени дека тарифниот систем е применет, но дека во барањето не бил целосно почитуван принципот на урамнотежување на интересите меѓу енергетските компании и потрошувачите. Како што беше нагласено, целта на одлуката е да се избегне ценовен шок и да се заштитат граѓаните од нагло зголемување на трошоците за електрична енергија.



























