Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.
На берзанската сесија од 23 декември 2025 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,42%, спуштајќи се на 10.071,87 поени, додека индексот ОМБ остана непроменет на 129,44 поени. Вкупниот дневен промет изнесуваше 75,7 милиони денари, при што активноста беше концентрирана кај Комерцијална банка, Алкалоид и Македонски Телеком, кои придонесоа за најголемиот дел од реализираниот обем на тргување.
Најтргувани хартии од вредност
● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 61.096.000 денари (вклучува блок-зделка)
● Алкалоид АД Скопје (ALK) – 2.054.570 денари
● Македонски Телеком АД Скопје (TEL) – 4.830.000 денари
● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) +0,02%
● Алкалоид АД Скопје (ALK) –0,06%
● Стопанска банка АД Скопје (STB) –2,98%
● Македонски Телеком АД Скопје (TEL) –2,74%
На денешната сесија беше реализирана една трансакција со државната обврзница „Р. Македонија – денационализација 22“, во износ од 318.930 денари по цена од 94 евра. Сите други државни и корпоративни обврзници останаа без промени во цените, при што индексот ОМБ остана стабилен на 129,44 поени.
На берзанската сесија од 23 декември 2025 година, пазарот беше активен, со висок вкупен промет од 75,7 милиони денари, главно поради блок-зделката со акциите на Комерцијална банка. Индексот МБИ10 забележа пад од 0,42%, поттикнат од негативните движења кај Македонски Телеком, Стопанска банка и Алкалоид, додека Комерцијална банка и покрај минималниот раст остана најликвидна хартиија од вредност. Обврзничкиот пазар беше слабo активен, со една реализирана трансакција и непроменет индекс ОМБ.



























