
Нафтата од типот Брент утрово ја премина границата од 100 долари по барел, откако пазарите реагираа на вчерашните случувања во САД. Цената на „црното злато“ скокна за речиси 3 проценти на азиските берзи, достигнувајќи 102,84 долари по барел, во атмосфера на зголемена нервоза и неизвесност на глобалниот енергетски пазар.
Вчера, како што јавуваат медиумите, цената на Брент падна за околу 10 проценти откако американскиот претседател Доналд Трамп одложи планирани напади врз Иран и најави дијалог со Техеран. Ова, сепак, не ја сопре денешната позитивна корекција.























