УТРО.мк

Проект за поддршка од Словенија на македонското земјоделство

Проект за поддршка од Словенија на македонското земјоделство
Vero

Во пресрет на растечките предизвици од климатските промени, земјоделците во Македонија добиваат нова поддршка преку проектот „AgriSHIFT – одржливо земјоделство“, кој стартуваше во јануари 2026 година и ќе трае до септември 2028 година. Иницијативата има амбициозна цел: да им помогне на локалните фармери да ги модернизираат своите практики, да ја зголемат отпорноста на своите фарми и да обезбедат економска стабилност за себе и за своите семејства.

Активностите на „AgriSHIFT“ ќе се реализираат во три речни сливови: Вардар, Струмица и Црн Дрим, покривајќи општини како Гевгелија, Богданци, Валандово, Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Струга, Вевчани и Дебар. Преку обуки за климатски паметни земјоделски практики, демонстративни парцели, микро-грантови и финансиска поддршка за мали бизниси управувани од жени, проектот има за цел да воведе иновации во секојдневното земјоделство.

Според Милиеуконтакт Македонија (MKM), локалниот имплементирачки партнер, проектот ќе поддржи најмалку 50 земјоделци и нивните семејства, ќе обучи 40 фармери, ќе формира четири демонстративни парцели за ефективно користење на вода и зајакнување на почвените ресурси, а исто така ќе додели микро-грантови за 12 земјоделски иницијативи и финансиска поддршка за четири бизниси водени од жени. Во исто време, се планира и формирање на земјоделска задруга со најмалку 40% женско учество.

Проектот доаѓа во критичен момент, кога земјоделците се соочуваат со продлабочување на сушите, нерамномерна распределба на водата и ограничен пристап до современи технологии, особено во руралните средини и за жените. „AgriSHIFT“ не само што обезбедува практична поддршка преку обуки и менторство, туку се стреми и кон родова еднаквост и економско зајакнување на жените, создавајќи можности за нови приходи и одржлив развој на заедницата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран