УТРО.мк

Савески за „360 степени“: Пред да кажам став за случајот во Кочани, предметот е најдобро да дојде во позрела фаза

Савески за „360 степени“: Пред да кажам став за случајот во Кочани, предметот е најдобро да дојде во позрела фаза
Vero
Извор: Screenshot; 360 Степени
Извор: Screenshot; 360 Степени

Новиот државен јавен обвинител, Ненад Савески, најавува дека ќе ја одржи својата прва сериозна средба со јавните обвинители кои работат на конкретниот голем предмет, со цел лично да се запознае со деталите и текот на истрагата. „Предметот е во рана фаза на доказната постапка, па сметам дека е разумно да почекам да се развие до повозрасна фаза, за да можам соодветно да ја согледам ситуацијата и да дадам свој став“, рече тој во интервју за „360 степени“.

Савески истакнува дека неговата улога нема да биде мешање во независната работа на обвинителите. „Секој јавен обвинител треба да одлучува самостојно, без притисок од мене или од било кој друг претпоставен. Иако постои јасна хиерархија и субординација, мојата намера е тие принципи да бидат релативизирани, така што одлуките да произлегуваат исклучиво од ефикасно спроведени истраги базирани на докази“, појасни тој.

Целиот текст може да го прочитате на 360stepeni.mk

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран