
Пензионерите ќе можат порано да ги користат своите февруарски примања благодарение на одлуката на две банки да ја забрзаат исплатата.
Халкбанк веќе започна со исплата, па од вчера, 26 февруари 2026 година, пензионерите можат да располагаат со средствата. Исплатата е достапна преку сите филијали на банката, на банкоматите низ целата држава, како и преку електронското и мобилното банкарство. Од банката нагласуваат дека целта е пензионерите непречено да ги користат своите пари и ги охрабруваат да ги користат дигиталните канали за побрза и поедноставна услуга, избегнувајќи чекање во редици.























