УТРО.мк

Новите цени на горивата од полноќ

Новите цени на горивата од полноќ
Vero

Регулаторната комисија за енергетика ги утврди новите максимални малопродажни цени на нафтените деривати, кои ќе почнат да важат од 00:01 часот на 15 септември.

ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по максимална цена од 100,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 102,50 денари за литар. Двата вида бензин поскапуваат за 3,50 денари по литар.

Од друга страна, цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за два денари и од досегашните 101 денар ќе изнесува 99 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 4,50 денари и од полноќ ќе се продава по максимална цена од 109,50 денари за литар.

Зголемување има и кај мазутот, чија цена е утврдена на 48,243 денари за килограм.

Според пресметките на Регулаторната комисија, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 2,86 проценти во однос на претходната одлука од 7 септември.

Како главна причина за новото ценовно движење се наведува растот на референтните цени на горивата на светските берзи.

Кај дизелот е применета повластена стапка на ДДВ од 10 проценти, согласно одлуката на Владата од 13 септември. Во сила продолжува и примената на намалената акциза за бензините и дизелот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin