УТРО.мк

Николоски: Капиталните проекти ја движат Македонија напред, градиме за идните генерации

Николоски: Капиталните проекти ја движат Македонија напред, градиме за идните генерации
Vero

Во 21 век напредуваат државите кои инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти, порача вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски.

Тој посочи дека Владата води политика насочена кон иднината, при што во изминатата седмица биле реализирани повеќе крупни капитални проекти.

Меѓу нив Николоски ги издвојува новата когенеративна централа, изградбата на најголемиот ветерен парк, како и реконструираниот аеродром „Св. Апостол Павле“.

Според него, овие проекти не претставуваат само инфраструктурни градби, туку инвестиции во иднината, кои треба да придонесат за отворање нови работни места, поголема енергетска сигурност, подобра поврзаност и поконкурентна економија.

Николоски посочува и дека градежништвото бележи раст 18-ти месец по ред, што, како што вели, е јасен показател дека капиталните инвестиции ја движат економијата и државата напред.

„Градиме денес за да оставиме посилна држава за идните генерации“, порача Николоски.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin