УТРО.мк

НОВА КОНКУРЕНЦИЈА И ПОНИСКИ ЦЕНИ? Третиот мобилен оператор официјално на стартот на 2026 година

НОВА КОНКУРЕНЦИЈА И ПОНИСКИ ЦЕНИ? Третиот мобилен оператор официјално на стартот на 2026 година
Vero

Македонскиот пазар на мобилни услуги очекува важна промена на самиот почеток на 2026 година, со официјалниот влез на трет мобилен оператор што би требало да донесе зголемена конкуренција и потенцијално пониски цени за корисниците.


Надлежните од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) наведуваат дека процесот за воведување нов оператор во 2025 година веќе е во тек, а официјалната работа е планирано да започне на почетокот на 2026 година. Ова доаѓа како одговор на забелешките за недостаток на конкуренција на пазарот, кои подолго време се потенцирани и во извештаите на Европската комисија за напредокот на земјата.


Досега на македонскиот пазар работат два главни мрежни оператори — Македонски Телеком и А1 Македонија, заедно со неколку виртуелни оператори. Со додавањето на трет играч, се очекува пазарот да стане поотворен, што често носи подобрени услови за корисниците, нови тарифни модели и потенцијално пониски цени на услугите.


Иако конкретните цени сè уште не се познати, експертите од телекомуникацискиот сектор велат дека високата конкуренција обично ги принудува операторите да ги приспособат цените и да понудат подобри пакети за потрошувачите — особено кога се работи за 5G услуги и пакети за мобилен интернет и разговори. Во услови на зголемена конкуренција, корисниците во Македонија би можеле да очекуваат и пониски месечни сметки за услуги, подобри оферти и поголема флексибилност во договорите.


Покрај воведувањето на новиот оператор, регулаторот најавува дека во следниот период ќе биде ставена во функција и телекомуникациската кула на Водно, која ќе помогне за подобрување на квалитетот и стабилноста на мрежите со цел да се задоволат растечките потреби на корисниците.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран