УТРО.мк

Колку вреди квадрат во Скопје? Во Центар – повеќе од 3.000 евра!

Колку вреди квадрат во Скопје? Во Центар – повеќе од 3.000 евра!
Vero

Цените на недвижностите во Скопје продолжуваат да растат, а најновите податоци на Агенцијата за катастар на недвижности покажуваат дека во периодот јули – септември 2025 година е забележана рекордна продажба – стан од 91 квадратен метар во Центар бил продаден за 280.000 евра, што значи повеќе од 3.000 евра по квадрат.

Според регистарот на цени и закупнини, најскапи станови се бележат во општините Центар, Карпош и Аеродром, каде што цените се движат од 1.200 до 1.550 евра за квадратен метар.

Во третиот квартал од годината на територијата на државата се регистрирани 845 новоизградени станови, што е зголемување за 169 во однос на претходниот квартал. Во Катастарот досега се запишани 26.463 предбележани градби, што укажува на континуиран пораст на градежната активност и очекувано дополнително зголемување на понудата на пазарот на недвижности.

Вкупно се евидентирани 6.135 купопродажби во третиот квартал, од кои 4.869 се класични продажби, 937 продажби од инвеститори, 266 откупи од државата и 63 продажби по пат на лицитација.

Од продажбите на инвеститори, 845 се станови, 89 куќи, 2 гаражи и една друга недвижност.

Најголема активност на пазарот е забележана во јули со 2.303 купопродажби, додека најтивен месец бил август со 1.974 трансакции. Во септември се регистрирани 2.038 купопродажби.

Во наведениот период се продадени недвижности со вкупна површина од 8,45 милиони квадратни метри, а вкупната вредност на трансакциите изнесува речиси 308 милиони евра.

Најголем дел од вкупната вредност ја сочинуваат становите – над 141 милион евра, додека најмногу продадени станови има во општина Аеродром (275), а најмногу продадени куќи се евидентирани во Битола (71).

Според Катастарот, Куманово е водечко по број на продажби на земјоделско земјиште и шуми (122), додека Охрид е на врвот по продажба на градежно земјиште (48 трансакции).

Реалните бројки потврдуваат дека пазарот на недвижности во Македонија, особено во главниот град, влегува во нова етапа на раст – со високи цени, зголемена побарувачка и активна изградба низ сите урбани зони.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран