Владата официјално го објави првиот годишен енергетски инвестициски план, отворајќи ја вратата за историски инвестиции кои ќе го трансформираат електроенергетскиот систем на земјата. Во фокусот се батериските складишта за електрична енергија – клучниот елемент за стабилизација на мрежата која е под сѐ поголем притисок од експлозијата на фотонапонски централи.
Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
End Ezoic - wp_under_page_title - under_page_title
Складирањето на вишокот енергија од обновливите извори веќе не е луксуз, туку итна неопходност за енергетската транзиција. Но, очигледно е дека ова е и нова златна можност за профит, судејќи според амбициозните планови на инвеститорите.
Интересот ги надмина сите очекувања. Министерството за енергетика примило вкупно 37 иницијативи за изградба на изолирани складишта. Вкупната инсталирана моќност достигнува импресивни 675,624 MW, со капацитет за складирање од неверојатни 1863,896 MWh! Овие проекти, одобрени од МЕПСО и ЕВН Електродистрибуција, се чекор кон поефикасен, посигурен и независен електроенергетски систем.
Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph
End Ezoic - wp_under_first_paragraph - under_first_paragraph
Иако локациите на овие стратешки објекти сѐ уште остануваат под превез на тајност, имињата на инвеститорите се веќе познати – и многу од нив се новоосновани фирми, желни да го заграбат своето парче од енергетскиот колач.
На чело на листата, со најголеми амбиции, се издвојуваат новооснована фирма (2024) од хрватската IE-Energy, БЕСС Проект, која планира колосално складиште од 90 мегавати, со 61,66 MW влегува бизнисменот Ајри Шеј, сопственик на Тесса Груп и најавувач на гасна централа таму, Дабур 1, Пробат Енергија (на Александар Влахо), Бат Инженеринг (на Даниел Поповски) и ОСМ Солар (на бугарската „Реналфа“), кои најавуваат складишта од по 50 мегавати. „Реналфа“ е веќе позната во земјава како косопственик на големата фотонапонска централа во Осломеј.
Ezoic - wp_under_second_paragraph - under_second_paragraph
End Ezoic - wp_under_second_paragraph - under_second_paragraph
Изгледа дека градежните магнати одлучија да ги прошират своите бизниси и во енергетскиот сектор. Виенто Енергетико и Биг Сториџ, во сопственост на Бранко Георгиевски, сопственик на градежната компанија „Биси“, најавуваат по 40 мегавати и Биг Енерџи Солутионс со истата моќност (40 MW), пријавена и на име на сопругата на Ивица Георгиевски, исто така од „Биси“.
Покрај нив, уште еден поединец, Мартин Кочков, пријавил инсталација од 40 мегавати, а зад него следи Б&Х Солар Енерџи на Украинецот Јевген Јаременко.
Ezoic - wp_mid_content - mid_content
End Ezoic - wp_mid_content - mid_content
Општоприфатената инвестиција за 1 мегават батериски систем се движи од 180.000 до 550.000 евра, а цената драстично зависи од тоа колку долго батеријата може да ја задржи електричната енергија.
Со вишокот енергија од соларните централи кој создава дебаланс и проблеми во мрежата, складирањето е неизоставен чекор кон флексибилност и сигурност. За инвеститорите, ова е најава за нов, профитабилен бран на инвестиции.



























