
Од полноќ следува значително поевтинување на дизелот, додека бензините ќе поскапат за еден денар по литар.
Регулаторната комисија за енергетика ги утврди новите највисоки малопродажни цени на нафтените деривати, кои ќе важат од 1 септември 2026 година.
Најголемо намалување има кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), чија цена се намалува за 6,50 денари за литар. Од полноќ еден литар дизел ќе се продава по максимална цена од 95 денари.
Поевтинување има и кај Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), кое се намалува за 3,50 денари, па новата цена ќе изнесува 97 денари за литар.
Од друга страна, бензините поскапуваат за по еден денар. Новите цени се:
- ЕУРОСУПЕР БС-95 – 94 денари/литар
- ЕУРОСУПЕР БС-98 – 96 денари/литар
- ЕУРОДИЗЕЛ – 95 денари/литар
- ЕЛ-1 – 97 денари/литар
Намалување има и кај мазутот М-1 НС, чија цена се намалува за 1,166 денари за килограм, па ќе изнесува 44,410 денари/кг.
Новите цени стапуваат во сила од полноќ.

















