УТРО.мк

Димитриеска Кочоска: Успешна 10-та Еврообврзница со рекорден интерес од инвеститорите

Димитриеска Кочоска: Успешна 10-та Еврообврзница со рекорден интерес од инвеститорите
Vero

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска ја најави успешната реализација на 10-тата еврообврзница на Република Северна Македонија, со издавање на две транши од по 500 милиони евра, со рок на доспевање од 4 и од 8 години.

Високиот интерес од меѓународните инвеститори, вклучувајќи над 150 глобални учесници, и побарувачката која неколкукратно ја надмина понудата, според министерството, ја потврдува довербата во економските политики, фискалната дисциплина и реформската насока на Владата.

Каматните стапки за двете транши се 3,875% за четиригодишната и 4,750% за осумгодишната еврообврзница. Министерството посочува дека со внимателно избраниот момент и одговорна структура на задолжување се обезбедени најповолните услови во последните дваесет години, навремена отплата на старите обврски и средства за поддршка на развојните проекти.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран