УТРО.мк

Димитриеска-Кочоска: МФ домаќин на Работилница на Програмата за управување со јавнен долг и ризици – Ги зајакнуваме и унапредуваме институционалните капацитети

Димитриеска-Кочоска: МФ домаќин на Работилница на Програмата за управување со јавнен долг и ризици – Ги зајакнуваме и унапредуваме институционалните капацитети
Vero

12 јуни 2026, Скопје – Министерството за финансии денеска беше домаќин на региионална работилница за размена на искуства и заемно учење во рамки на Програмата за управување со јавен долг и ризици (GDRM). 

Учесниците ги поздрави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, којашто се заблагодари за долгогодишната поддршка на Светска банка и Швајцарскиот државен секретаријат за економски работи – SECO, преку коишто се спроведува оваа Програма, и истакна дека благодарение на Прогрмата GDRM денес МФ е дел од силна меѓународна мрежа на институции и експерти коишто работат на унапредување на управувањето со јавниот долг и фискалните ризици.

„Република Македонија се приклучи на GDRM програмата во 2016 година и оттогаш, преку заедничка работа и техничка помош, значително ги зајакнавме институционалните капацитети во областа на управувањето со јавниот долг. Особено сме благодарни за поддршката во унапредувањето на законската рамка, модернизацијата на системите за евиденција и следење на јавниот долг, развојот на домашниот пазар на државни хартии од вредност, подготовката на годишните планови за задолжување и зајакнувањето на аналитичките алатки за управување со ризици“, рече министерката. 

Потенцирајќи на важноста на фискалните ризици коишто се тема на работилницата, рече дека нашата земја има воспоставени значајни институционални и правни основи за нивно управување.

“Законот за јавен долг и подзаконските акти обезбедуваат јасна рамка за издавање државни гаранции, а Министерството за финансии врши детална анализа на кредитната способност на субјектите кои бараат гаранција преку проценка на нивната ликвидност, солвентност, профитабилност и финансиска одржливост. Но, условените обврски по својата природа се динамични и бараат постојано следење.“, посочи министерката и додаде дека целта е дополнително  унапредување на рамката за Управување со условените обврски преку примена на понапредни методологии за проценка на кредитниот ризик и очекуваните загуби, зајакнување на системите за следење и известување и подобро интегрирање на овие ризици во процесот на управување со јавниот долг и фискалното планирање.

Истакна дека работилницата ќе придонесе кон градење поотпорни јавни финансии, како да ги заштитиме буџетите од неочекувани шокови и како да обезбедиме одржлив економски развој.

„Министерството за финансии останува посветено на понатамошно зајакнување на рамката за управување со фискалните ризици и условените обврски и ќе продолжи тесно да соработува со Светска банка и со меѓународните партнери во остварувањето на оваа цел“, рече министерката. 

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin