УТРО.мк

Димитриеска-Кочоска: Буџетот забележа рекорден раст на приходите во јули

Димитриеска-Кочоска: Буџетот забележа рекорден раст на приходите во јули
Vero

Министерството за финансии бележи историски највисока наплата на приходи во буџетот за месец јули, соопшти министерката Гордана Димитриеска-Кочоска. Според неа, овие резултати се доказ за финансиската стабилност и насоченоста кон одржлив економски раст уште во првата година од мандатот.

На својот фејсбук-профил, министерката истакна дека Царинската управа и Управата за јавни приходи имаат највисока месечна наплата досега. Во споредба со истиот месец минатата година, приходите од даноци и придонеси се зголемени за 7,4%, од акцизи за 5,7%, а од увозни давачки за дури 19,2%.

– Ова се резултати на ефикасна, одговорна и професионална работа. Продолжуваме посветено, со поддршка за стопанството и грижа за секој денар на граѓаните – подвлече Димитриеска-Кочоска.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран