УТРО.мк

Брз пад на крипто-пазарот: Зголемувањето од изминатите денови се стопи за неколку часа

Брз пад на крипто-пазарот: Зголемувањето од изминатите денови се стопи за неколку часа
Vero

Глобалниот крипто-пазар доживеа нагло намалување на вредностите, продолжувајќи го трендот на неизвесност кој ја погодува и традиционалната економија. Инвеститорите реагираа на растечката напнатост во светот, особено по конфликтот на Блискиот Исток и нападите врз Јужен Парс, едно од најголемите гасни полиња на планетата.

По неколку денови на позитивен тренд, кога крипто-пазарот бележеше нагорна линија на раст, наглото заострување на конфликтите на Блискиот Исток го промени курсот. Нападот на САД и Израел врз Јужен Парс, најголемото светско поле за гас, предизвика силна реакција на инвеститорите и брз пад на криптовалутите.

Биткоин, водечката дигитална валута, моментално се тргува околу 70.171 долари, што е пад од над 5% во краток временски период. Етериум доживеа уште посилен удар, намалувајќи ја вредноста за 6,79% и се тргува на 2.164 долари, што ја потврдува зголемената волатилност на алткоините.

Пад се забележува и кај другите крупни криптовалути: XRP ја намали вредноста за 4,33%, BNB за 4,45%, додека Солана и ПолкаДот ослабеа за 5,09% и 5,69% соодветно. Кардано (ADA) бележи најизразен пад меѓу главните криптовалути, со намалување од 7,45% и цена од 0,26 долари.

Стабилните дигитални валути, пак, остануваат речиси непроменети. Tether (USDT) продолжува да се движи околу 1 долар, додека USD Coin забележува минимален пораст, што ја покажува нивната улога како „привремено засолниште“ во периоди на несигурност.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран