УТРО.мк

Божиновска: Стабилна грејна сезона е наш приоритет

Божиновска: Стабилна грејна сезона е наш приоритет
Vero

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска ја истакна важноста на навремена координација и ефикасна соработка меѓу институциите за обезбедување стабилно снабдување со топлина и електрична енергија оваа зима.

Во Министерството се одржа координативен состанок со сите клучни институции од енергетскиот сектор, каде беа разгледани тековните проекти, состојбата со енергенсите, цените на електричната енергија на берзата и меѓуинституционалната координација.

Божиновска нагласи дека по формирањето на Министерството, за првпат се воведува редовна пракса на вакви состаноци, со цел да се зголеми сигурноста и стабилноста во енергетскиот систем и да се минимизираат потенцијалните ризици за граѓаните и индустријата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран