УТРО.мк

Божиновска: Поддршка за младите кои ја промовираат Македонија

Божиновска: Поддршка за младите кои ја промовираат Македонија
Vero

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се сретна со ученичките Марија, Јасемин и Ангела од гимназијата „Ѓорѓи Димитров“ во Скопје, кои стојат зад документарниот филм посветен на македонскиот рубин.

Филмот, кој обработува тема поврзана со природните и минералните богатства на земјава, бил награден со сребрена награда во конкуренција од околу 40 филмови. Според Божиновска, ваквиот успех е значаен, но уште поважно е што младите отвораат суштински прашања за тоа како се перципираат, чуваат и вреднуваат природните ресурси.

Таа истакна дека особено ја радува фактот што младите избираат да истражуваат теми поврзани со енергетиката, рударството и одржливото користење на ресурсите, нагласувајќи дека тоа е показател дека иднината е во сигурни раце.

Министерката порача дека институциите ќе продолжат да ги поддржуваат ваквите иницијативи, со цел да се поттикне интересот кај младите и да се зајакне нивната улога во општеството.

„Нашата заложба е да ги поддржиме младите, да ги вклучиме во креирањето политики и да им дадеме простор да бидат гласот на промените“, истакна Божиновска.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран