Binance, глобалниот блокчејн екосистем зад најголемата берза за криптовалути во светот според обемот на тргување и бројот на корисници, слави осум години постоење. Овој јубилеј го одразува заедничкото влијание на глобалната заедница која продолжува да го прави криптото општоприфатено и да ја обликува иднината на дигиталните финансии.
Започнувајќи како берза за крипто-крипто трансакции во 2017 година, Binance прерасна во заедница од 280 милиони корисници во повеќе од 100 земји – денес, речиси 1 од секои 28 луѓе на планетата е регистриран на Binance. Секоја недела, околу еден милион нови корисници ѝ се приклучуваат на платформата, одразувајќи го забрзаното усвојување на дигиталните средства. Денес, Binance им овозможува на луѓето да истражуваат, тргуваат, учат и да се поврзуваат, нудејќи од иновативни финансиски алатки и плаќања до едукација, истражување, иницијативи со социјално влијание и Web3 искуства.
„Пред осум години започнавме со визија: да го направиме криптото основен начин преку кој луѓето ќе ја зголемат својата финансиска слобода – да имаат пристап, да трошат, поседуваат, чуваат и заработуваат сопствени пари. Денес, 280 милиони луѓе го направија тоа дел од својот живот, со Binance како нивен доверлив водич. Благодарни сме за таа доверба. Како што расте усвојувањето, нашата мисија останува јасна: секогаш да ги ставаме корисниците во центарот на секоја одлука и да градиме безбедни, достапни алатки кои им овозможуваат на сите да учествуваат во оваа нова ера на финансии“, велат од Binance.
Денес, Binance нуди најголема ликвидност во индустријата, заедно со широк опсег на производи и силни безбедносни мерки на кои секојдневно се потпираат милиони корисници. Во изминатите осум години, корисниците на Binance имаат извршено тргување во вредност од 125 трилиони долари со дигитални средства преку спот трансакции и деривативи. Со просечен дневен обем на тргување од над 91 милијарда долари, Binance обработува приближно 217 милиони трансакции на спот и фјучерси секој ден. Заклучно со јуни 2025 година, според The Block, платформата поседува над 41% од глобалниот удел на спот тргување со криптовалути, што го потврдува нејзиниот статус како преферирана платформа и за индивидуални и за институционални инвеститори.
Освен тргувањето, Binance стана клучна платформа за заштеда, плаќања и едукација.
Ова се постигнувањата од лансирањето на платформата:
- 50 милијарди долари заработка и заштеди се испорачани до корисниците преку Binance Earn.
- Binance Pay има процесирано 230 милијарди долари преку 300 милиони трансакции, нудејќи побрза и поефикасна алтернатива на традиционалните плаќања.
- Само помеѓу 2022 и 2024 година, Binance Pay им заштеди на корисниците 1,75 милијарди долари во провизии за парични трансфери, покажувајќи го потенцијалот на криптовалутите за подобрување на животот во економски занемарени региони.
- Повеќе од 64 милиони луѓе го надградија своето крипто знаење преку Binance Academy.
Од декември 2022 година, контролите за ризик на Binance спречија измами во вредност од 10 милијарди долари, додека над 215 милиони долари украдени средства се повратени или замрзнати. Компанијата одговори на 241.000 барања од надлежните истражни органи и одржа повеќе од 400 обуки за да им помогне на глобалните агенции да се борат против криминалот со транспарентноста што ја нуди блокчејн-технологијата.
Со брзо растечка база на институционални корисници и континуирани иновации во производите, од Binance Wallet и Binance Alpha до Launchpool и Megadrop, Binance го проширува пристапот до дигитални средства и го обликува начинот на кој светот се вклучува во оваа нова ера на финансии.
Како што созрева индустријата со дигитални средства, Binance продолжува да ги охрабрува новите генерации корисници на криптовалути. За Binance, „осум“ не е само бројка — таа симболизира трајна посветеност кон раст, иновации и градење финансиски систем што функционира за сите.