УТРО.мк

Изградбата на гасниот интерконектор влегува во клучна фаза со пристигнувањето на првите цевки

Изградбата на гасниот интерконектор влегува во клучна фаза со пристигнувањето на првите цевки
Vero

Со пристигнувањето на првите пратки цевки од реномираниот европски производител „Corinth Pipeworks“, изградбата на гасниот интерконектор влегува во нова и значајна фаза на теренска реализација, информира АД за вршење на енергетски дејности „Номагас“.

Од државната компанија посочуваат дека овој чекор го означува почетокот на поинтензивни градежни активности за еден од најзначајните капитални и стратешки инфраструктурни проекти во државата.

„Реализацијата на ваков проект подразбира сложени и повеќеслојни процеси, кои вклучуваат тесна координација со сите надлежни државни и локални институции, целосно усогласување со законските процедури и меѓународните регулативи, строго почитување на највисоките стандарди за безбедност при работа, како и заштита на животната средина и културното наследство долж трасата“, соопштуваат од „Номагас“.

Во компанијата нагласуваат дека гасниот интерконектор не претставува само инфраструктурен зафат, туку е еден од клучните столбови на идната енергетска независност на државата. Од менаџментот уверуваат дека остануваат целосно посветени на транспарентна соработка и ефикасна реализација на проектот во предвидените рокови.

Изградбата на интерконекторот со Грција има стратешко значење за енергетската стабилност на Македонија и поширокиот регион. Со неговото ставање во функција, се обезбедува диверзификација на изворите на снабдување со природен гас, зголемена конкурентност на пазарот и долгорочна енергетска одржливост за индустријата и граѓаните, се наведува во соопштението од „Номагас“.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран