УТРО.мк

„0% камата“, но со скриени трошоци: Министерството за финансии откри измамнички реклами кај кредитните компании

„0% камата“, но со скриени трошоци: Министерството за финансии откри измамнички реклами кај кредитните компании
Vero

Министерството за финансии откри серија сериозни неправилности во работењето на финансиските друштва, со особено внимание на начинот на кој се рекламираат нивните услуги. Инспекциските проверки покажале дека некои компании нуделе кредити со наводни „0% камата“, додека во реалноста договорите со клиентите содржеле скриени или дополнителни трошоци.

Покрај тоа, надзорот открил дека дел од финансиските друштва пласирале реклами под различни брендови, без јасно да се наведе кое друштво стои зад понудата. Некои компании дури користеле повеќе веб-страници и различни називи во своите деловни простории, кои не одговарале на официјалниот назив регистриран во дозволата за работа.

Министерството веднаш им наложило на компаниите да ги отстранат сите реклами и натписи што можат да ја доведат јавноста во заблуда. Во спротивно, најавено е дека ќе бидат преземени сите достапни законски мерки за заштита на граѓаните.

Од министерството нагласуваат дека секое финансиско друштво е задолжено да го користи единствениот официјален назив од дозволата за работа и да има само една веб-страница на која јасно ќе биде идентификувано.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран