УТРО.мк

Запленети 4 километри забранети рибарски мрежи во Охридското Езеро – пронајдени 872 риби

Запленети 4 километри забранети рибарски мрежи во Охридското Езеро – пронајдени 872 риби
Vero

Голема количина незаконски уловена риба и повеќе километри забранети рибарски мрежи се пронајдени во водите на Охридското Езеро при акциска контрола спроведена од полицијата.

На 1 септември 2026 година, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ спровеле засилени контроли насочени кон сузбивање на кривичното дело „незаконит риболов“, како и откривање и отстранување на нелегален риболовен алат.

При контролата, на потегот меѓу струшките села Калишта и Радожда биле пронајдени 20 таканаречени висечки рибарски мрежи, кои се строго забранети за лов на риба.

Вкупната должина на мрежите изнесувала околу 4.000 метри. Во нив биле заробени 872 парчиња охридска белвица, со вкупна тежина од 116,9 килограми.

По насоки на јавен обвинител, полициски службеници од езерската полиција и од Регионалниот центар за гранични работи – Запад ги подигнале мрежите од езерото, заедно со уловот. За случајот бил известен и надлежниот инспекторат за рибарство.

Од полицијата најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со засилени акциски контроли на Охридското Езеро, со цел откривање и санкционирање на лицата кои вршат незаконит риболов и заштита на рибниот фонд.

Случајот е уште еден показател за проблемот со нелегалниот риболов во Охридското Езеро, каде што забранетите мрежи претставуваат сериозна закана за рибниот фонд.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin