
Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска во скопската населба Аеродром, на булевар „Србија“, каде патничко возило „Ауди А5“ излетало од коловозот и завршило во дрво на средишниот дел од булеварот.
Според првичните информации, ударот бил силен, а возилото завршило во зеленилото што го дели булеварот. Во моментов нема официјални податоци за повредени лица, ниту за причините што довеле до несреќата.
На местото на настанот интервенирала полицијата, која извршила увид и работи на расчистување на околностите под кои се случила сообраќајката.























