УТРО.мк

Сопственик на хотел претепан во Скопје, пренесен во Клинички центар – полицијата трага по напаѓачите

Сопственик на хотел претепан во Скопје, пренесен во Клинички центар – полицијата трага по напаѓачите
Vero

Сопственик на хотел во Скопје вечерва е физички нападнат и со тешки повреди е пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, откако бил претепан од две лица, објавија медиуми.

Според неофицијални информации објавени од „Фокус“, станува збор за напад извршен од две лица, за кои се наведува дека ѝ се познати на полицијата.

Од Министерството за внатрешни работи го потврдуваат инцидентот и информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите.

„Денеска (16.04.2026) во 21:40 часот во СВР Скопје пријавено е нарушување на јавниот ред и мир во хотел во Скопје. Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на местото од пријавата, при што е констатирано дека физички бил нападнат П.Н. од страна на две лица од село Ржаничино, кои по нападот со патничко возило го напуштиле местото. Повредениот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клинички центар „Мајка Тереза“ за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Полицијата трага по напаѓачите, кои по нападот избегале со автомобил.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран