УТРО.мк

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка на кружниот тек кај „Илинденска“ во Тетово

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка на кружниот тек кај „Илинденска“ во Тетово
Vero
Полиција policija
Полиција policija

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера попладне на кружниот тек на булеварите „Илинденска“ и „Благоја Тоска“ во Тетово, во која тешко е повреден велосипедист.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 9 јули 2026 година во 15:02 часот во СВР Тетово. Во неа учествувале патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Р. (68) од Тетово, и велосипед управуван од Б.С. (39), исто така од Тетово.

Во судирот, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница Тетово.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin