
Во заедничка акција на Македонската полиција, Американската ДСС и безбедносните органи на Албанија, во Драч уапсени двајца припадници на организираната криминална група „Беланоца“.
Врз основа на информација од Македонската полиција, во Драч, Р.Албанија спроведена е меѓународна полициска операција во која лишен од слобода е М.Џ.(26), роден во Скопје. Како што објавуваат медиумите, станува збор за опасниот убиец Муса Џавит, кој во јули минатата година уби војник на АРМ во скопското село Батинци.
Во време на сторување на ова кривично дело тој веќе една година се барал со меѓународна потерница за друго убиство. Сега уапсениот е Муса Џавит со дебело криминално досие, за една година смртно застрелал две лица. Убиствата ги извршил 2024 и 2025 среде бел во скопско Батинци.
Убиството во јули минатата година ја потресе јавноста кога пред влезот на Батинци со два куршуми го уби 50 годишниот офицер на АРМ Агим Муареми. Пукал пред очите на неговота ќерка додека се движеле со возило.
Џавит до јуни 2024 година издржувал само една затворска казна за нелегално поседување оружје. Но само едно месец откако бил пуштен го извршил првото убиство.

















