УТРО.мк

Ужас во Дојран – OJO со детали

Ужас во Дојран – OJO со детали
Vero

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело полов напад и силување по член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Настанот се случил на 19 ноември, кога осомничениот, користејќи сила и спротивно на јасно изразената волја на жртвата, ја принудил на сексуален однос.

Според обвинителството, мажот ја пресретнал жртвата – негова поранешна партнерка со која бил во подолга врска – пред нејзиното работно место и ја убедил да влезе во автомобил за, наводно, да разговараат и да ја однесе дома. Наместо тоа, свртел кон полски пат, каде што во возилото ја удирал по лицето и и се заканувал да не смее да биде во врска со друг маж.

Кога застанал, жртвата се обидела да побегне, но осомничениот со шлаканици и боксови повторно ја внел во автомобилот и ја принудил на полов однос, и покрај нејзиното континуирано спротивставување.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гевгелија поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран