
На 29.04.2026 година во 15:30 часот, во село Визбегово, скопско, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек за меѓународни потраги, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, го лишија од слобода А.Џ.А. (26) од Турција.
Лицето било предмет на меѓународна потерница распишана од надлежните органи во Турција.
По приведувањето, тој е спроведен во Основното јавно обвинителство Скопје, а потоа и пред Основниот кривичен суд Скопје.
На А.Џ.А. му е определена мерка екстрадициски притвор во редовна постапка, по што е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје.























