
Царински службеници на Меѓународен аеродром Скопје откриле 68.000 австралиски долари кај брачен пар од Македонија, откако тие не ги пријавиле средствата при влез во државата.
Наместо да поминат низ црвениот канал за пријавување девизи, патниците избрале зелен канал, по што биле селектирани за детална контрола. При проверката, кај нив биле пронајдени непријавените парични средства.
Согласно законските прописи, на секој од нив му биле вратени по 10.000 евра во противвредност, односно вкупно околу 33.000 австралиски долари, додека преостанатите 35.000 долари биле одземени.
Од Царинска управа информираат дека контролите ќе продолжат со засилено темпо, со цел спречување на нелегален пренос на готовина преку државната граница.























