УТРО.мк

Трагедија во Велес: Пешак загина по удар од камион

Трагедија во Велес: Пешак загина по удар од камион
Vero

На 22.06.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 11:00 часот на ул. „Раштански пат” во Велес, товарно возило „волво” со скопски регистарски ознаки, со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Д.(55) од Велес, удрило во пешакот О.Ѓ.(54) од Велес. 

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Велес. Возачот С.Д. е лишен од слобода, а увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin