
40-годишен маж од Охрид тешко повреден бил пронајден во паркирано патничко возило на локален пат во струшкото село Ливада, информираат од полицијата.
Случајот бил пријавен во раните утрински часови, околу 02:37 часот, кога било забележано дека лицето се наоѓа во возило „голф“ со охридски регистарски таблички, со видливи телесни повреди.
Повредениот, идентификуван како Џ.Д.П. (40) од Охрид, со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Струга, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди.



























