
Во Врапчиште, гостиварско, осумгодишно дете се здобило со повреди откако во неговата рака експлодирала петарда. Повреденото дете било донесено во Ургентниот центар во Гостивар, а по укажаната прва помош, поради сериозноста на повредите, било пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.



























