Тешка сообраќајна несреќа ја потресе Кичево во четвртокот наутро, кога 10-годишно девојче беше удрено од автомобил на магистралниот пат Охрид–Кичево во 7:15 часот, во време кога многу деца се упатуваат кон училиштата. Девојчето е хоспитализирано во Медицинскиот центар во Кичево и се бори за живот по констатирање на сериозни повреди.
Според МВР, во несреќата бил вклучен автомобил „Опел Астра“ со кичевски регистарски таблички, управуван од 60-годишниот И.С. од село Другово. Увид на местото на настанот изврши екипа на ОВР Кичево.































