Вчера во 17:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Максуд Садик“ патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната А.А. од Скопје, удрило во седумгодишно дете-пешак од истиот град.
Детето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Полицијата извршила увид на местото на несреќата преку увидна екипа од СВР Скопје.