
Дваесет и петгодишна девојка се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на локалниот пат меѓу тетовските села Вејце и Селце.
Според информациите од СВР Тетово, на 17 јуни 2026 година околу 13 часот, четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од Е.Т. (25) од село Селце, излетал од коловозот.
Во несреќата возачката се здобила со тешки телесни повреди, додека нејзините сопатнички Е.Б. (18) и В.Т. (20), исто така од село Селце, се здобиле со телесни повреди.
Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Тетово, каде што повредените биле пренесени за укажување лекарска помош.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Тетово, а причините за излетувањето на четирициклот се утврдуваат.

















