УТРО.мк

Страшната сообраќајка се случила утрово во Србија – Има загинати

Страшната сообраќајка се случила утрово во Србија – Има загинати
Vero

Ибарската магистрала повторно однесе човечки животи во страшна сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 7 часот во близина на местото Вреоци.

Во директен судир помеѓу патнички автомобил и камион, две лица загинаа на самото место, додека жена и деветгодишно дете беа итно пренесени во Белград со тешки повреди.

Несреќата се случила под сè уште неразјаснети околности, а силата на ударот била толку голема што патничкото возило било речиси целосно уништено. Покрај неколку екипи на брзата помош, на терен излегле и пожарникари и спасувачи, кои сечеле лим за да стигнат до жртвите и повредените.

Лекарите на самото место можеле да констатираат само смрт на две лица од автомобилот, додека жената и детето веднаш биле префрлени во медицински установи во Белград со возила на брза помош, во придружба на полиција.

Според неофицијални информации, двајцата повредени се примени со сериозни, животозагрозувачки повреди. Поради истрагата што е во тек, сообраќајот во близина на локалниот ресторан е целосно запрен.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран