УТРО.мк

Сообраќајна несреќа на клучката Мирковци: 42-годишен возач тешко повреден

Сообраќајна несреќа на клучката Мирковци: 42-годишен возач тешко повреден
Vero

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера попладне на обиколницата околу Скопје, во близина на клучката кај Мирковци, при што тешко е повреден 42-годишен возач од скопско, а повреди се здобиле и четворица негови сопатници, меѓу кои и три малолетни лица.

Според информациите од СВР Скопје, инцидентот бил пријавен на 10 мај 2026 година околу 18:40 часот. Патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Н. (42) од селото Кондово, изгубило контрола и излетало од коловозот на споменатата делница.

Во несреќата, најтешко настрадал возачот, кај кого се констатирани тешки телесни повреди. Полесно биле повредени неговите сопатници, С.Н. (40), како и трите малолетни лица кои се наоѓале во возилото. Сите повредени биле пренесени и згрижени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Од полицијата информираат дека на местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје, која работи на утврдување на сите околности поврзани со излетувањето на возилото.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран