Аптека на подрачјето на Бит Пазар синоќа била мета на разбојништво, откако едно лице со закана со огнено оружје од вработената одзело пари.
Како што е пријавено во СВР Скопје, настанот се случил околу 19:50 часот. Напаѓачот влегол во аптеката, ѝ се заканил на вработената со пиштол и успеал да одземе парични средства, по што избегал од местото на настанот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.



























