На 25.12.2025 во 03:40 часот на бул.,,Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода И.И.(39) од с.Теарце, тетовско, затоа што кај него е пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.



























