УТРО.мк

Пукал на семејна веселба, еден куршум завршил во покрив на куќа

Пукал на семејна веселба, еден куршум завршил во покрив на куќа
Vero

На 06.08.2026 полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Т.С. (60) од с.Боговиње, тетовско, поради основи на сомнение дека на 05.08.2026 околу 23:00 часот пукал на семејна веселба, а еден од куршумите оштетил покрив на куќа на Б.Л.(66) од с.Синичане, тетовско.

-По добиена судска наредба, извршен е претрес во дом на Т.С., при што во дворот биле пронајдени три чаури калибар 9 мм и две чаури од гасен пиштол. Во врска со случајот, извршен е и претрес во дом на Ф.М. (50) во с.Боговиње, при што во дворот биле пронајдени чаури од гасен пиштол, информираат од СВР Тетово.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin