
На 23.03.2026 во 20:13 часот во СВР Тетово било пријавено дека во периодот од 15:30 до 19:45 часот со употреба на физичка сила било влезено во џамијата во с.Бродец, тетовско, и бил направен обид насилно да се отвори металната каса за донации, но не била отворена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.























