УТРО.мк

Приведен маж од Гостивар по напад врз сопругата и оштетување на нејзиниот автомобил

Приведен маж од Гостивар по напад врз сопругата и оштетување на нејзиниот автомобил
Vero

Четириесет и двегодишен жител на Гостивар бил приведен откако бил пријавен за физички напад врз својата сопруга и оштетување на нејзиниот автомобил.

Според информациите од СВР Тетово, на 31 мај околу 21:35 часот полициски службеници го лишиле од слобода В.П. (42) на улицата „Гоце Делчев“ во Гостивар.

Како што наведуваат од полицијата, 38-годишната сопруга на осомничениот, со која е во тек бракоразводна постапка, пријавила дека по расправија била физички нападната од него. Во пријавата навела и дека тој го оштетил нејзиното возило.

По пријавата, полициски службеници презеле мерки и активности и го привеле осомничениот, кој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

По целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Тетово.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран